НАСИЛНАТА РАЗДЕЛБА СО МИЛЕНИКОТ E РИЗИК ЗА ПСИХАТА Науката потврди дека сме длабоко поврзани со нашите сакани животни

„Разделбата од милениците во кризи како природните катастрофи, бездомништвото или домашното насилство ги влошува благосостојбата, безбедноста и здравјето. За жал, потврдивме дека милениците честопати трпат насилство и/или умираат во случаите на домашно насилство “.

143

Студија на научници во Австралија ги покажува ризиците за човечката психа при насилно разделување од милениците во ситуација кога има семејно насилство и разделување на партнерите или природна катастрофа, пишува „Неуросајнс њуз“.

Главната авторка на студијата, Џесмин Монтгомери, кандидатка за докторат на универзитетот „Џемс Кук“ разгледала 42 студии за врската меѓу луѓето и животните во случаи на разделба поради домашно насилство, бездомништво или природни несреќи.






Разделбата е процес полн со емотивен набој поради длабоката емоционална поврзаност меѓу луѓето и милениците. Поради недостатокот на служби за поддршка, многумина не бараат заштита, а тоа им создава психолошки проблеми на сопствениците. Милениците, пак, добиваат лош третман или умираат.

– Силната емоционална поврзаност меѓу луѓето и животните им предизвикува ранливост на двете страни кога врската е под закана – објаснува главната Монтогмери и додава:

– Разделбата од милениците во кризи како природните катастрофи, бездомништвото или домашното насилство ги влошува благосостојбата, безбедноста и здравјето. За жал, потврдивме дека милениците честопати трпат насилство и/или умираат во случаите на домашно насилство – тврди Монтгомери.

Во случаите со семејно насилство, луѓето го одложуваат прекинувањето на нивната врска за да ги заштитат милениците. Недостатокот на засолништа за милениците, а и недостатокот на доверба во локалните системи за поддршка се чести причини за непреземањето никакви чекори.

Насилникот некогаш се заканува дека ќе му наштети на миленикот, па жртвата се враќа за да го заштити миленикот, но тоа ја зголемува опасноста за неа и за миленикот. При природни катастрофи во период на опасност, сопственикот честопати се враќа кај миленикот или останува за да го заштити, што ги става во ризик него и другите.

Според Монтгомери, светогледот на сопствениците треба да се смени за да се земат во обзир потребите на милениците. Вториот чекор вклучува анализирање на комплексноста на кризната ситуација при овозможувањето услуги за поддршка на жртвите.

– Луѓето честопати ги одбираат човековите интереси пред тие на животните, без обзир на поврзаноста меѓу луѓето и животните. Мораме сериозно да ја сфаќаме вредноста на нашите миленици. Како колектив, делиме одговорност, па потребите на милениците мора да се земат предвид во законодавството. Вдомувањето ги спречува непосакуваните исходи како насилството врз животните и нивната смрт. Жените кои се предмет на домашно насилство треба да бараат засолниште за нив, за децата и за милениците. Истото важи и за бездомниците – заклучува авторката на истражувањето.

Поврзани содржини