ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПАРИЗ Француската полиција им подготви жесток одговор
Француските земјоделци се бесни на, како што велат, притисокот врз откупните цени од супермаркетите и индустриските купувачи, како и од сложените еколошки регулативи.
Главниот град на Франција, Париз, денеска би можел да биде целосно парализиран. Таква најава дадоа земјоделците кои со стотици трактори и други возила ќе го окупираат центарот на „градот на светлината“.
Сепак, Франција и париската влада најавија дека по никоја цена нема да дозволат да запре животот во главниот град.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин вчера ги задолжи службениците за спроведување на законот да воспостават „обемни безбедносни мерки“ за да ги спречат фармерите да ги блокираат аеродромите во Париз или пазарот Рунгис и да го забранат секој влез во Париз.
Тој додаде дека околу 15.000 полицајци ќе учествуваат во безбедносната операција.
-Ние губиме дел од нашиот економски раст како резултат на овие блокади на патиштата – додаде Дарманин.
Водачите на двата најголеми француски синдикати за земјоделство пред два дена изјавија дека членовите од регионите околу Париз „ќе започнат бескрајна опсада на главниот град“ денеска.
– Сите главни патишта што водат до главниот град ќе бидат окупирани – рекоа тие, објавувајќи ја својата намера да ја блокираат огромната фабрика за храна Рунгис јужно од главниот град.
Француските земјоделци се бесни на, како што велат, притисокот врз откупните цени од супермаркетите и индустриските купувачи, како и од сложените еколошки регулативи.
Но, последната капка за многумина е постепено укинување на даночните кредити за дизел горивото за земјоделска опрема.
Посетата на францускиот премиер Габриел Атал на сточарска фарма во западниот регион Индре и Лоара дојде два дена откако тој најави бројни отстапки по блокадите на фармерите на главните патишта кон Париз и јужниот дел на земјата.
– Ќе ги разгледаме сите други мерки што можеме да ги преземеме во врска со аспектите на нелојалната конкуренција – изјави вчера Атал.
Францускиот премиер рече дека владата ќе стави крај на зголемената цена на дизел горивото што се користи во земјоделските машини, што е последица на постепеното укинување на даночните кредити за горивото.