📷 НОВИОТ КРАЛ НА ДАНСКА ПУШТИ СОЛЗИ Ќе бидам крал обединител, цел живот се подготвував за тоа, порача Фредерик Х

Кралот Фредерик Х изгледаше искрено изненаден од бројноста и реакција на граѓаните собраните во Копенхаген за неговата инаугурација, па на момент пушти и солзи, тој ѝ оддаде почит на својата мајка, кралицата Маргарета и рече дека секогаш ќе биде запаметена како „извонредна кралица“.

962

Изговарајќи ги трипати зборовите: „Да живее кралот Фредерик“ од балконот од палатата Кристијанбург во Копенхаген, данската премиерка Мете Фредериксен го прогласи Фредерик Х за крал на Данска, Гренланд и на Фарските острови.

Од истиот балкон, кралот Фредерик го одржа својот прв говор велејќи дека се надева дека ќе стане крал обединител.






фото: EPA-EFE/NILS MEILVANG DENMARK OUT

 

-Тоа е задача за која се подготвував целиот мој живот. Тоа е задача што ја прифатив со гордост, почит и радост – рече кралот Фредерик.

Неговите зборови наидоа на одобрување од десетици илјади собрани граѓани.

фото: EPA-EFE/CLAUS BECH DENMARK OUT

 

Новиот дански крал ѝ оддаде почит на својата мајка и рече дека секогаш ќе биде запаметена како „извонредна кралица“.

Кралот Фредерик Х изгледаше искрено изненаден од бројноста и реакција на граѓаните собраните во Копенхаген за неговата инаугурација, па на момент пушти и солзи, соопшти Би -Би -Си.

На новиот крал на Данска потоа на балконот му се придружија неговата сопруга Мери и нивните четири деца поздравувајќи ги собраните граѓани.

фото: EPA-EFE/THOMAS TRAASDAHL

 

Поединци имаа круни на главата, некои пиеја шампањ, а некои мавтаа со знамиња на Данска.

Кралицата Мери беше облечена во бело и ги воодушеви присутните со своето елегантно издание. Таа е првата граѓанка родена во Австралија, кој стана кралица на Данска.

фото: EPA-EFE/BO AMSTRUP

 

Фредерик Х беше прогласен за крал на Данска откако кралицата Маргарета формално потпиша абдикацијата во кабинетот со што го заврши нејзиното 52-годишно владеење на данскиот трон.

Таа ја напушти просторијата со солзи во очите, велејќи: „Бог нека го чува кралот“.

Поврзани содржини