ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕРОТ ОД ФИЛМОТ ЗА ЕЈМИ ВАЈНХАУС Актерката Мариса Абела самата ги пее хитовите на пејачката

81

Мариса Абела ќе ja глуми легендарната покојна поп-пејачка Ејми Вајнхаус во претстојниот биографски филм „Враќање кон црнината“ (Back to Black) насловен по една нејзина песна и називот на албумот.

Во првиот кус трејлер на филмот во режиja Сем Тејлор-Џонсон, се најавуваат подемот и падовите на Вајнхаус, која почина на 23 јули 2011., на 27-годишна возраст по случајно труење со алкохол.






Прикажувањата на филмот се закажани за 10 мај.

Филмските куќи „СтудиоКанал“ и „Монјументал“ го објавија првиот трејлер за биографскиот филм за Ејми Вајнхаус, „Back To Black“, во режија на Сем Тејлор-Џонсон.

Филмот е снимен со одобрение на семејството на Вајнхаус, а Абела самата ги пее нејзините хитови.

Поврзани содржини