📷 ПОЧИНА МАЈКАТА НА МЕЛАНИЈА ТРАМП Амалија Кнавс во Словенија работела во текстилна фабрика, во САД почина опкружена со луксуз
Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш се носеше со грациозност, топлина и достоинство. Беше целосно посветена на нејзиниот сопруг, ќерките, внукот и зетот. Ќе ни недостига и ќе продолжиме да го почитуваме и сакаме нејзиното наследство" - напиша Меланија во прошталната порака.
Почина Амалија Кнавс, мајката на поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, објави нејзината ќерка на Твитер.
“Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш се носеше со грациозност, топлина и достоинство. Беше целосно посветена на нејзиниот сопруг, ќерките, внукот и зетот. Ќе ни недостига и ќе продолжиме да го почитуваме и сакаме нејзиното наследство” – напиша Меланија во прошталната порака.
It is with deep sadness that I announce the passing of my beloved mother, Amalija.
Amalija Knavs was a strong woman who always carried herself with grace, warmth, and dignity. She was entirely devoted to her husband, daughters, grandson, and son-in-law. We will miss her beyond…
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) January 10, 2024
Советник на кампањата на поранешниот претседател Доналд Трамп ја потврди за Си-Ен-Ен смртта на Амалија Кнавс.
Амалија Кнавс е родена во Југославија во 1945 година, на територијата на Словенија, а во младоста по доаѓањето од селото Рака работела во текстилната фабрика „Јутрањка“ во Севница.
Амалија и нејзиниот сопруг Виктор прво ја добиле ќерката Инес Кнавс, а потоа во 1970 година се родила Меланија.
Тие со години живееле во Америка каде пристигнале во процес на „верижна миграција“, критикуван токму од администрацијата на Трамп, откако Меланија станала американска државјанка во 2006 година. Тие самите станаа американски државјани во 2018 година, кога нивниот зет Доналд Трамп беше претседател.
Пензионираниот пар одржуваше редовен контакт со семејството Трамп за време на нивното претседателствување и често патуваше со нив во Мар-а-Лаго и Њу Џерси.
Семејството Кнавс поседувал дом во Севница, тивок индустриски град со 5.000 жители сместен на бреговите на реката Сава во централна Словенија, каде Меланија Трамп посетувала основно училиште.
View this post on Instagram
Но, откако се родил нивниот внук Барон Трамп во 2006 година, тие поголемиот дел од времето го поминувале во Њујорк. За разлика од нивниот скромен дом во Словенија, по преселбата во САД тие живееле во луксузот на семејството Трамп.