КОГА Е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ ДА ГО ЗАПОЗНАЕТЕ ДЕТЕТО СО НОВИОТ ПАРТНЕР? Експертите препорачуваат да се почекаат 6, 9 или 12 месеци
Започнавте нова врска и сакате партнерот да го запознае вашето дете, но не сте сигурни кој е вистинскиот момент за оваа важна средба? Ако сакате сè да биде во најдобар ред, послушајте ги советите на психологот
Кога станува збор за претставување на новиот партнер на детето или децата од претходната врска или брак, постојат два клучни фактори – или барем така велат експертите.
Пред сè, треба да се нагласи дека е сосема разбирливо ако сте малку загрижени за овој момент и се прашувате дали сè ќе оди како што би сакале.
Дали детето ќе го прифати новиот партнер? Како ќе се снајде?
Затоа е многу важно да го изберете вистинскиот момент – и самите сте свесни за тоа.
Двата споменати фактори се однесуваат на фактот дека треба да бидете сигурни дека вашата нова врска е сериозна и, се разбира, дека вашето дете е подготвено за такво запознавање.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.