МАКЕДОНСКАТА КРАЛИЦА НА САПУНИТЕ, СИЛВИА МАНГОВСКИ Од Шведска преку Охрид, Флорида, Италија и повторно назад, на Охридското Езеро

Родена и потпорасната во Шведска, а израсната во Охрид. Нашата соговорничка се омажила на 30-годишна возраст и заминала кај сопругот во Америка. Таму се прославила со своите шарени сапуни кои изгледаат како највкусни десерти, а продолжила да создава, без оглед на тоа каде се наоѓа, преточувајќи ја својата креативност во најразлични украси, накит, еко-свеќи… Прочитајте ја нејзината интересна приказна

938

Силвиа Манговски е креативна жена со многу интереси. Вели дека рацете никогаш не ѝ мируваат, па секогаш ги држи зафатени. По потекло е охриѓанка, но родена е во Шведска кадешто поминала дел од своето, како што вели, магично детство. Смета дека токму тој период бил најзначаен за тоа во кој правец ќе се одвива нејзиниот живот понатаму.
„Уметноста или ракотворбите со кои се занимавам денес произлегуваат како резултат на животот и инспирацијата од местата во кои сум живеела. Родена сум во Шведска, дел од магичното детство го поминав таму, а подоцна се преселив со моите родители во Охрид. Би рекла дека главен печат ми остави работилницата за уметност во градинката во Шведска во која изработувавме секакви проекти на кои не учеа учителките. Правевме рамки од дрво, за ткаење и не учеа како да правиме мали килимчиња со нив. Правевме кукли, украси од шумски мов, шишарки, глинени фигури, сликавме, правевме орнаменти од солено тесто, слушавме музика. Некогаш одевме во дом за стари лица и таму им ги подарувавме нашите ракотворби, заедно со нив јадевме колачи, некои од нив ни читаа книги.

Печат ми оставија и раскошните шуми поврзани со скандинавските бајки, летата и белите ноќи кога си игравме надвор заборавајќи дека е 9 навечер, со оглед на тоа што во тоа време е сѐ уште бел ден. Во сеќавање ми се и зимите, санкањето, коњите, боровинките и јагодите во ливадите, излетите покрај многубројните езерца. Преубавите јадења, торти и колачи во скандинавски стил, прекрасните луѓе…“, се потсетува на своето рано детство во Скандинавија нашата соговорничка.






ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини