СДСМ ГО КОПИРА ВМРО-ДПМНЕ „Повеќе садници“ е копија на „Денот на дрвото“ што го укинаа, посочува опозицијата
Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото“ преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме - посочуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека власта предводена од СДСМ, прво ја стопира акцијата „Ден на дрвото“ за сега да спроведе иста акција за пошумување под ново име.
„Со внимание ја проследивме акцијата за пошумување која ја правеше СДС. Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото“ преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме. И добро е што „Повеќе садници“ стана копија на „Ден на дрвото“ – посочуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Но како што тие тогаш поставуваа прашања, ние овој пат ќе ги поставиме идентично нивните прашања:
1. Од каде се парите на СДС за акцијата повеќе зелено?
2. Каде се илјадниците садници кои денес ги засадија?
3. Дали акцијата на СДС не е пералница на пари?“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.