ОВИЕ МУ СЕ БЛИСКИ НА МИЦКОСКИ КОЛКУ ИЛОН МАСК НА КОВАЧЕВСКИ! Одговор од ВМРО-ДПМНЕ за фотографијата со уапсен дилер

Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната, се оние фабрики кои растат во струмичкото поле и кои се во сопственост на фамилијата која ја поседува СДС – се вели во реакциајта на ВМРО-ДПМНЕ.

901

Посочените лица се блиски соработници на претседателот Христијан Мицкоски колку што на Димитар Ковачевски му е близок соработник Илон Маск, одговори ВМРО-ДПМНЕ со соопштение на прозивките на СДСМ дека лидерот на оваа партија е фотографиран во ресторан во друштво на дилер на коакаин од Грчец, уапсен од полицијата.

Но, шегата на страна, во присуство на сериозни афери за убиени деца, за милионски тендери и криминал на сите страни, СДС одбира да ја забавува јавноста со фотографии кои не само што не докажуваат ништо, туку и се редат во намерен контекст, се измислува некаква близина само со цел да се води црна кампања за покривање на сите нивни неуспеси и афери.






Ако имало било што незаконски во фотографијата во која има некое си лице, убедени сме дека Спасовски ќе го решеше однапред и едвај чека да најде нешто сомнително, но реалноста е дека ниту има такво нешто, туку се прави театар за јавноста да се покријат сопствените слабости.

Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната, се оние фабрики кои растат во струмичкото поле и кои се во сопственост на фамилијата која ја поседува СДС.

Кампањата за тоа кој со кого се сретнал може да ја започнеме со нарко кланот од Грчец , турскиот мафијаш Седат Пекер, кој иако претходно протеран од државата доби македонски пасош со лажен идентитет во македонска полициска станица“ – се наведува во соопштението н а ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска одржа прес конференција на која рече дека  набргу по скандалот со фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, веќе пукнал нов скандал“.

Погледнете ја оваа фотографија. Христијан Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога. Акцијата на полицијата е од 3. декември, а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра. Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето – праша Кузеска.

 

 

Поврзани содржини