ЌЕ ИМАМЕ КАНДИДАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Максим Димитриевски ги открива плановите на неговата партија ЗНАМ

ЗНАМ има намера да биде следниот субјект кој ќе ги носи одлуките во државата и ќе ги диктира условите на следната влада, рече Димитриевски. 

580

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски најави дека на следните избори, кои се очекува да се одржат во мај следната година, неговата партија ЗНАМ – За наша Македонија, ќе настапи со свој кандидат за претседател

Покрај тоа ЗНАМ ќе учествува со пратеничка листа на парламентарните избори и, како што вели Димитриевски, очекува сериозна поддршка од сите граѓани во државата, кои се за слога, напредок и просперитет.






Македонија заслужува да излезе од црно-сивиот, а не црно-белиот свет, којшто во континуитет се потенцира, и да внесе една нова свежина. Во која форма, тоа граѓаните ќе го одлучат – вели Димитриевски.

Партијата ЗНАМ, рече Димитриевски, има намера да биде следниот субјект кој ќе ги носи одлуките во државата и ќе ги диктира условите на следната влада.

– Ќе настапиме со сериозна понуда и сериозна програма која што може да направи суштинска реформа која ќе направи промена во нашата држава, притоа не повредувајќи ги правата и можностите на никој, а давајќи сериозни можности за напредок на оваа држава. Ние како политички субјект не се бориме за пратеници, бројката воопшто не е битна. Се бориме да дојдеме во позиција да имплементираме проекти, идеи и власт. Како тоа ќе го направиме? Како во Куманово. Во Куманово СДСМ изгуби, но ВМРО не победи. На следните избори во Македонија ќе се случи исто, СДСМ ќе изгуби, но ВМРО нема да победи. А ЗНАМ ќе излезе со сериозен резултат од тие избори и ќе ги диктира условите на следната влада, во спротивно ќе делуваме како опозиција. Ние нема да отстапиме од нашите принципи коишто ќе ги афирмираме во јавноста во рамки на изборната кампања и претходно во рамки на нашите програмски определби – рече Максим Димитриевски.

 

 

Поврзани содржини