ТАЈНАТА ГРУПА ШТО ГО СКЛОПИ ДОГОВОРОТ ЗА ГАЗА Се мачеле и Бајден и Блинкен и шефот на ЦИА до последен момент!

Бајден му се јавил на Емирот на Катар и му кажал дека ова е последна шанса да се затвори договорот, а тој му ветил дека ќе изврши притисок.

1,598

Мала група советници меѓу кои и членови на ЦИА, американската разузнавачка служба, помогнале да се склопи договорот за размена на заложници меѓу Израел и Хамас кој беше наречен и историски. На четиридневното примирје кое започнува денеска му претходела  макотрпна работа.

Меѓу преговарачите бил и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, директорот на ЦИА Бил Барнс, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и неговиот заменик Џон Фајнер, и американскиот пратеник за Блискиот Исток Брет Мек Гурк, пишува Ројтерс.






Дрим-тимот наречен „ќелија“

Тимот наречен „ќелија“ бил формиран на барање на Катар набргу откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври. Но, во преговорите лично се помачил и американскиот претседател Џо Бајден кој одржал голем број разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со Емирот на Катар. Тоа биле повеќечасовни разговори.

Мек Гурк секојдневно бил на телефон со премиерот на Катар. Потоа, на 18 октомври Бајден дојде во Тел Авив за да се сретне со Нетанјаху. Неколку дена подоцна Хамас ослободи две Американки од заложниците. Нивниот пат надвор од Газа го следеле Саливан, Мек Гурк и Фајнер во живо.

Инвазијата започнала истиот ден кога Хамас се согласил?

Ова го охрабрило Бајден дека малиот тим може да постигне успех и тоа преку посредство на Катар. Но, на 24 октомври, кога Израел беше подготвен да започне копнена офанзива во Газа, американската страна ненадејно дознала дека Хамас се согласил со параметрите на договорот за ослободување на жените и децата во замена за пауза и одложување на инвазијата.

Американските власти дебатирале со Израелците дали копнената офанзива треба да се одложи или не. Израелците тврделе дека условите на Хамас не биле доволно цврсти за да се одложи офанзивата, бидејќи немало доказ дека заложниците ќе преживеат.

Хамас, од друга страна, тврдел дека не можел да утврди кој сѐ е задржан како заробеник додека не започне паузата во борбите.

Во тоа време Американците и Израелците сметале дека Хамас не е искрен во преговорите. Беше објавено и дека планот за инвазија на Израел е прилагоден за да се поддржи пауза доколку дојде до договор.

Израелските сили влегоа во Газа.

Списоци и напред-назад меѓу ЦИА, Мосад, Доха…

Бајден продолжил да преговара. Двете страни размениле списоци со имињата на заложниците. Три недели комуникацијата била тешка и одела напред-назад, а притоа и преку Доха и Каиро.

Почнала подготовката на текст за конечен договор. На 9 ноември, шефот на ЦИА Вилијам Барнс, се сретна во Доха со катарскиот лидер и со Барнеа од израелското разузнавање Мосад за да ги разгледа списите за аранмжанот.

За сето време Израел инсистирал да бидат ослободени сите заложници, додека Хамас одговорил дека може да гарантира за 50 лица во првата фаза.

Бајден побарал од Емирот на Катар да се знае идентитетот на 50 заложници. Хамас објави детали. На 14 ноември Бајден го повика Нетанјаху да прифати.

Мек Гурк исто така се сретна со Нетанјаху.

„Ни треба овој договор“

По средбата Нетанјаху го фати за раката Мек Гурк велејќи „ни треба овој договор“ и го повика Бајден да го повика Емирот на Катар за последните услови.

Но, во тој момент разговорите привремено заглавиле бидејќи беа исечени комуникациите во Газа.

Бајден му се јавил на Емирот на Катар и му кажал дека ова е последна шанса да се затвори договорот, а Емирот му ветил дека ќе изврши притисок да го затвори договорот.

На 18 ноември Мек Гурк во Доха ги договорил последните детали – сите заложници да бидат вратени дома кај нивните семејства. Следното утро во Каиро МекГурк се сретнал со шефот на египетското разузнавање.

Хамас соопштиле дека ги прифаќаат речиси сите услови.

Договорот конечно бил склопен.

Поврзани содржини