ГО СОЗДАВАМЕ ГОСПОД „Светата“ тројка милионери поврзани со вештачката интелигенција се сложуваат во едно нешто!

Тројцата, Илон Маск, Лери Пејџ и Сем Алтман, сите го имаат употребено зборот „бог“, „небесна интелигенција“ или слични термини иако нивните компании развивааат различна интелигенија. Илон Маск го развива Грок, Лери Пејџ од Гугл, а Сем Алтман го развива ЧатГПТ, чија петта итерација може да биде блиску до „генералната вештачка интелигенција“, односно самосвесната сингуларна машина.

1,980

„Го создаваме Бога. Ние создаваме свесни машини“.

Вака во септември изјави инженер за вештачка интелигенција кој работи на големи јазични модели за „Vanity Fair“. Неговата изјава не е многу различна од онаа на Сем Алтман, газдата на ОпенАИ, компанијата која го развива ЧатГПТ, пишува Футуризам.






Тој рече дека мисијата на компанијата е „Генерална вештачка интелигенција“ (АГИ ) која е и „безбедна“ и од која може да има корист „целото човештво“.

Ова е прилично нејасна визија. Што подразбира Алтман под безбедна и корисна? А што под возвишена или, како што за Фајненшл Тајмс го опиша претстојниот ЧатГПТ-5 – „магична интелигенција на небото“?

Според Алтман, компанијата го дефинира АГИ како „систем кој ги надминува луѓето во најекономично вредната работа“, многу поприземен опис на она што е семоќна „суперинтелигенција“ за Алтман.

Во интервјуто за Атлантик претходно оваа година, Алтман наслика розова и шпекулативна визија за иднината напојувана од АГИ, опишувајќи утопистичко општество во кое „роботите кои користат сончева енергија за енергија можат да одат и да ги ископуваат и да ги рафинираат сите минерали што им се потребни и дека „сето тоа (ќе се случува) без да се бара придонес од човечки труд“.

Зборот „дигитален бог“ за вештачката интелигенција го употреби и Илон Маск – кој беше коосновач на компанијата на Алтман. Во изјава за Фокс Њуз Маск рече дека основачот на Гугл, Лери Пејџ, „сакал (да направи) еден вид дигитална супер-интелигенција“ која на крајот ќе стане „во основа земено дигитален бог, што е можно поскоро“.

– Причината зошто воопшто постои Отворена вештачка интелигенција е тоа што Лери Пејџ и јас бевме блиски пријатели и останував во неговата куќа во Пало Алто и разговарав со него доцна во ноќта за безбедноста на вештачката интелигенција – додаде Маск.

– Барем мојата перцепција беше дека Лери не ја сфаќаше доволно сериозно безбедноста на вештачката интелигенција.

Во меѓувреме, Илон Маск го разви Грок – сопствена вештачка интелигенција, која е шеговита и духовита, но и, според него, е наменета да се бори за вистината и против „лошата вештачка интелигенција“.

Притоа, Грок ќе се напојува од архивата на Твитер, односно, по ново Икс, кој е во сопственост на Маск.

Луѓето кои го пробаа Грок, кој наводно треба да го спаси човештвото, беа изненадени од неговата „дрскост“ и „нечиста“ смисла за хумор…

МАСК ГО ПРЕТСТАВИ „БУНТОВНИЧКИОТ“ ЧЕТБОТ Грок одговара на прашања со доза на хумор

 

Поврзани содржини