НА 44-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ненадејно почина продуцентот на „Еуфорија“ и на други познати серии на ХБО

Таткото на продуцентот, Едвард Турен, ја потврди смртта на неговиот син во изјава во неделата навечер.

808

Холивудскиот продуцент Кевин Турен, кој работеше на телевизиски серии како „Еуфорија“ и „Идол“, ненадејно почина. Имаше 44 години.

Таткото на продуцентот, Едвард Турен, ја потврди смртта на својот син во изјавата во неделата вечерта, но причината за смртта сè уште не е објавена.






„Кевин беше толку неверојатно посебен, овој свет ќе биде помал без него“, рекол Едвард Турен во изјавата за „Дедлајн“.

Џеј Пенске, извршен директор на ПМС и близок пријател на Турен, исто така објави изјава.

„И покрај неговите многубројни достигнувања во Холивуд, најголемата страст на Кевин беа неговото семејство и пријателите. Тој беше многу горд на своите деца. Тој и неговата сопруга Евелина беа решени нивните деца да пораснат со големи вредности и се погрижија да направат разлика во поширокиот свет“, се вели во соопштението.

Турен е роден на Менхетен и студирал филм на Универзитетот Колумбија пред да ја започне кариерата.

Дебитирал како продуцент во инди-филмот „Wassup Rockers“ од 2005 година, во режија на Лери Кларк.

Тој продолжил да продуцира голем број долгометражни филмови, меѓу кои и „Операција крај игра“, напишана од креаторот на „Еуфорија“ Сем Левинсон.

Тој ги продуцирал филмовите „Арбитража“ со Ричард Гир, „Сè е изгубено“ со Роберт Редфорд и уште два филма на Левинсон, „Нација на убиства“ и „Малком и Мари“.

Неодамна го продуцираше филмот на Николас Кејџ и Педро Паскал „Неподносливата тежина на огромниот талент“, сериите „Еуфорија“ и „Идол“, кои се емитуваат на платформата ХБО, пишува „Дејли мејл“.

 

 

Поврзани содржини