ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА ГРАЃАНИТЕ Е НАРУШЕН Коруптивната власт зголеми ДДВ на производи што не се луксузни укажува потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја формира владата ќе направи ревидирање на листата затоа што констатирани се производи кои не се луксузни и не може да се даночат со повисока стапка.

197

Ние отсекогаш зборуваме дека инфлацијата кај нас не е само резултат на увезена инфлација, туку има и домашни фактори кои влијаат на зголемување. Кај нас инфлацијата започна порано. Има во континуитет несигурност кај приватниот сектор која постојано се менува. Имаше замрзнување на трговски маржи, па замрзнување на цени, па одмрзнување, па повторно замрзнување, па фокусот беше на производителите, па на трговците.  Комплетен хаос – рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

Таа посочи дека власта при висока инфлација почна да зборува за даночните реформи, го воведоа Законот за данок на солидарност и тоа создава ненормална атмосфера за приватниот сектор кој не знае што го очекува утре и како резултат на тоа ние имаме поголема инфлација.






– Во исто време кога имате зголемени плати на функционерите праќате порака на сите останати дека и тие треба да имаат очекувања и револтот почнува. Секој бара повисока плата затоа што животниот стандард е нарушен и ако може функционерите зошто не може другите -додаде Димитриеска Кочоска.

Во однос на цените таа додаде дека и хаосот е огромен, само во декември минатата година имаше раст на цените на храна за повеќе од 32-33%  во однос на претходната година.

– Што значи дека со замрзнувањето на цените прашање е што ќе се случи откако ќе се одмрзнат. Во исто време се товарат истите компании со даноци, а не се сузбива сива економија, се менува начин на работа, зголемени трошоци и сето тоа има влијание и затоа со замрзнувањето се купува месец, два, а после има нагли скокови. Сега зголемија ДДВ на огромен број на производи на кои не би рекла дека се луксузни. Во исто време покажуваат колку се неспособни и колку се коруптивни – потенцираше Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја формира владата ќе направи ревидирање на листата затоа што констатирани се производи кои не се луксузни и не може да се даночат со повисока стапка.

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на покачувањето на цените на парното и на електричната енергија.

– Од 2019 година до денес цената на електричната енергија е зголемена за повеќе од 50%, тоа е резултат на тендери во четири очи и недомаќинско работење.Ова поскапување на парното не е резултат на тоа што има промени во цените на енергенсите,  туку исклучиво е резултат на тоа што во еден изминат период компанијата која снабдува со топлинска енергија направи договор компанија која понуди цена на гасот повисока од таа која компанијата ја доби од македонска голема компанија – рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека во тој период се направи тендер во четири очи врз основа на кој се плаќа повисока цена.

– Она што повеќе загрижува, владата имаше субвенционирање, трансфер на дел од средства од буџетот кон ЕСМ топлина која требаше да ги искористи средствата за да ги сервисира обврските, но ако ги погледнете податоците, ќе видите дека оваа компанија е една од најголемите должници – истакна Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека не може да се оправда со енергетската криза, затоа што владата склучи таков договор.

– Кога станува збор за струјата и таму состојбата е лоша. Позадински зошто растат трошоците е прашање кое треба да го поставиме, тие  растат исклучиво како резултат на склучување на договори во 4 очи, особено кај производството на електрична енергија. Затоа имаме огромни трошоци денес. ЕСМ има добиено повеќе од 300 милиони евра последните години, пари од граѓаните од буџетот и со тоа се покриваат дупките во недомаќинското трошење – изјави Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека прават трошоци, зголемуваат цена на електрична енергија, го вратија ДДВ-то, повторно трансферираат пари, ЕСМ постојано има недостиг на пари.

– Од 2019 година до денес цената на електричната енергија е зголемена за повеќе од 50%, граѓаните плаќаат повисока цена.  Како расте цената нас ни принудија да штедиме и ако ги погледнеме сметките можеби изгледаат малку поголеми но, ако погледнеме колку трошиме како киловати, колку загреваме, ни го нарушија квалитетот на живот, а имаме повисоки сметки за струја заради тоа неодговорно однесување на владата – рече Димитриеска Кочоска.

Поврзани содржини