ЛУЃЕТО НИКАКО ДА ПОВЕРУВААТ ДЕКА БРАКОТ Е АПС Невестата се пошегувала на Тик-Ток, ама никој не ја разбрал шегата

Видео на кое изнесуваат невеста во лисици од нејзината свадба стана хит на социјалните мрежи и има над 7 милиони прегледи.

5,182

Романската пејачка Ирина Лепа крена сериозна прашина на ТикТок кога објави снимка од апсење на невеста од сопствената свадба, а потоа појасни што навистина се случило.

Лепа го објави видеото на ТикТок во јули и во меѓувреме собра 7 милиони прегледи.






Без да сфатат што навистина се случувало, многу луѓе го проширија видеото жалејќи ја несреќната девојка која наместо да биде во прегратките на нејзиниот сопруг, првата брачна ноќ ја поминала во затворска ќелија.

За среќа, тоа воопшто не било случај. Видеото било шега за младенците, како што подоцна потврди и Ирина Липа која прва ја сподели снимката што стана хит на социјалните мрежи.

„Боже, не ми се верува дека ова видео стана толкав хит. Во суштина, никој не беше уапсен, тоа беше уметнички чин подготвен од пријатели на младоженецот“ – откри Ирина Лепа ставајќи крај на сите дезинформации.

@irinalepa 👮‍♀️ Politiaaaa 🥴 Nunticicaaaaa 😂❤️🌺👌 #irinalepa #nunta #constanta #foryou #fyp ♬ sunet original – Irina Lepa

Поврзани содржини