ДРАМА НА НЕБОТО НАД ЛОНДОН Ловци следеа авион од Кенија во страв дека има бомба
Министерот за одбрана на Велика Британија изјави дека борбените авиони го придружувале комерцијалниот лет како мерка на претпазливост.
Авионот „Боинг 787“ донеска попладне бил пренасочен од аеродромот Хитроу на аеродромот Станстед во источен Лондон поради „безбедносна закана“, а цело време бил следен од француски борбени авиони.
Авио-компанијата „Кенија ервејс“ соопшти дека добила предупредување за потенцијална безбедносна закана на летот од Најроби до Лондон. Не биле дадени повеќе детали за природата на таа закана.
Полицијата во Есекс била повикана на аеродромот и авионот безбедно слетал на аеродромот Стантстед. Авионот бил паркиран на локација подалеку од терминалот, и бил детално прегледан, но не е соопштено за каква безбедносна закана станувало збор и дали дојавата била лажна.
Министерот за одбрана на Велика Британија изјави дека борбените авиони го придружувале комерцијалниот лет како мерка на претпазливост. Тој додал дека авионот бил во контакт со контролорите на летот за време на летот, од моментот кога бил пренасочен.
RAF fighter jets escort Kenya Airways flight to Stansted Airport after ‘Security Alert’ saw it diverted from Heathrow.
An Essex Police spokesman said: ‘We are currently attending an incident at Stansted Airport.
🛫 🇬🇧 🛬 👮♂️👩🚒 🚒 #StanstedAirporthttps://t.co/GAe7E5Fejk— Abbie Spencer (@AbbieSpenc14881) October 12, 2023