🎥„ТИГРИТЕ“ СПАСИЈА ПОВРЕДЕН ПЛАНИНАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ Со хеликоптер на МВР е пренесен во Клинички центар
Попладнево полицијата добила пријава дека планинар бил повреден на Осоговски Планини кој не може да се движи.
Спасувачки тим од САЕ Тигар и Хеликоптерската единица на МВР денеска спаси повреден планинар на Осоговските Планини, соопшти полицијата.
Планинарот сега е во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што е соопштено, попладнево полицијата добила пријава дека планинар бил повреден на Осоговски Планини кој не може да се движи.
„Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје каде што е предадено за укажување лекарска помош“, се наведува во соопштението.