БУГАРИЈА И РОМАНИЈА ИТНО ДА ВЛЕЗАТ ВО ШЕНГЕН ЗОНАТА! Шефицата на Европската комисија бара двете земји да се наградат за „добрите практики“

„Двете земји се дел од Шенген пространството. Да ги примиме Бугарија и Романија во Шенген зоната без понатамошно одлагање“ - инсистираше Урсула фон дер Лајен пред европратениците во Стразбур.

674

Им благодарам на Бугарија и Романија за добрите практики во областа на азилот и миграцијата, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата во Стразбур јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

– Двете земји се дел од Шенген пространството. Да ги примиме Бугарија и Романија во Шенген зоната без понатамошно одлагање – инсистираше таа пред европратениците во Стразбур.






Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел ќе го проследи обраќањето на фон дер Лајен во Стразбур, а потоа ќе се сретне со првите луѓе на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права.

Поврзани содржини