НЕВИДЕНО ЗЛОСТОРСТВО ВО ИНДИЈА 11 мажи силувале девојче и живо го запалиле

Полицијата подоцна ги идентификувала деловите од телото и облеката и обувките на жртвите. Подоцна потврдиле дека жртвата била сè уште жива кога била запалена.

1,597

Индија е потресена од последниот случај на групното силување на четиринаесетгодишно девојче.
Имено, во Раџастан неколку мажи го силувале девојчето и живо го запалиле.

Девојчето исчезнало откако излегло од дома за да ги чува козите, а нејзиното тело го идентификувал нејзиниот брат кој и го открил накитот во печката во која била запалено.






Индиската полиција обвини 11 мажи за нападот во Раџастан.

Полицајците за „Тајмс оф Индија“ изјавија дека братот на девојчето видел неколку печки со јаглен поставени од луѓе од номадската заедница. Вниманието му го привлекло чадот од една од печлите бидејќи тие не биле активни навечер.

Со стап претурал во печката и ги прегледал јагленосаните предмети, а потоа ја видел нараквицата што ја нашол неколку дена претходно и ѝ ја подарил на својата сестра.

Полицијата подоцна ги идентификувала деловите од телото и облеката и обувките на жртвите. Подоцна потврдиле дека жртвата била сè уште жива кога била запалена.

 

Поврзани содржини