НЕ ЈА СПОМЕНУВААТ РУСИЈА Лидерите на Г20 само ја осудија „употребата на сила“, реагираше и Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедничката декларација на земјите-членки на групата Г20 „не е со што да се гордееме“ и ги критикуваше дека во неа експлицитно не ја споменуваат Русија.

511

Лидерите на земјите-членки на Г20 денеска ја осудија „употребата на сила“ во Украина со цел територијално освојување, но експлицитно не ја споменаа Русија, се наведува во завршната декларацијата од Самитот во Индија.

– Кога има војна во Украина, во согласност со Повелбата на ОН, сите земји мора да се воздржат од прибегнување кон закани или употреба на сила за да се обидат да освојат одредени територии, на штета на територијалниот интегритет и политичкиот суверенитет на која било земја – пишува во декларацијата.






Но, во текстот не се споменува експлицитно руска „агресија“ во Украина, термин што беше користен во 2022 година за време на претходниот Самит на Г20 на Бали. Во декларацијата од Самитот на Бали беше наведено дека „најостро се осудува агресијата извршена врз Украина од страна на Руската Федерација“.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедничката декларација на земјите-членки на групата Г20 „не е со што да се гордееме“ и ги критикуваше дека во неа експлицитно не ја споменуваат Русија.

Портпаролот на МНР Олег Николенко објави скриншот од дел од заедничката декларација.
Некои делови од текстот се пречкртани со црвено и коригирани, а овој текст ја одразува украинската позиција дека земјата е жртва на неиспровоцирана руска агресија.

„Целосно е јасно дека учеството на украинската страна на состанокот ќе им овозможи на учесниците на Г-20 подобро да ја разберат ситуацијата“, напиша тој на Фејсбук.

И покрај неговото разочарување од целокупниот текст на членката на Г20, Николенко им се заблагодари на сојузниците на Украина кои го направија својот дел за да ја подобрат позицијата на Украина во декларацијата. „Украина им е благодарна на сите партнери кои се обидоа да внесат похрабра формулација во текстот.

Поврзани содржини