📷 МОРЕТО ИСФРЛИ БИК НА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА! Необична сцена по невремето на хрватското приморје

482

На плажата во Комижа на островот Вис во Хрватска, утрово е забележана необична сцена. Морето на брегот исфрли мртов бик, објави порталот Н1 , дополнето со видео снимено од читател.

Надлежните служби го извлекле телото на бикот и со камион го пренеле понатаму. Синоќа, за потсетување, Комижа беше погодена од силен југозападен ветер, т.н гарбинада.






фото: принтскрин Н1

– Трупот е изваден пред 15-тина минути, го отстрани комуналното претпријатие на градот Вис и тие ќе постапуваат понатаму – информираат надлежните од Комижа за Н1.

фото: принтскрин Н1

Во Комижа претпоставуваат дека невремето најверојатно, го донело телото на бикот.

фото: принтскрин Н1

– Може да е од секаде. Деновиве во Комижа имаше страшна гарбинада (југозападен ветер). Тој носи сè. Овде никој нема домашни животни, има можеби две крави на островот, а можеби ни толку. Тешко дека е животно од островот, веројатно морето го донело од некаде.На Комижа не и пречи бурата, но кога има гарбинада, морето влегува во куќите и брановите одат кон местото. На островот практично нема домашни животни, па кој знае од каде морето го донело тоа животно – велат од надлежните служби во градот Комижа.

Поврзани содржини