БОСАНСКИОТ РАПЕР ФИЗИЧКИ НАПАДНАЛ ДЕВОЈКА Буба Корели ја влечел за коса партнерката среде улица

Порталот „Пинк.рс“ објави видео на кое босанскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, физички ја малтретира својата партнерка.

1,019

Порталот „Пинк.рс“ објави видео на кое босанскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, физички ја малтретира својата партнерка, објави „Република.рс“.

Тој на почетокот на контроверзното видео ја влече за коса, а потоа продолжува да ја вознемирува.






Имено, раперот тргнал по неа и почнал да ѝ вика среде улица, а кога таа се обидела да се одбрани, тој насилно ѝ ги тргнал рацете за да не ја удри. Како што понатаму пренесуваат, тој не престанал да вика на девојката, а нејзе од страв ѝ паднала јакната, која се наведнала да ја земе. На крајот од снимката ѝ се внел в лице, а потоа продолжиле по својот пат.

Како што наведува гореспоменатиот портал, полицијата во неколку наврати реагирала во неговиот стан поради пријави за бучава, расправии и викање.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини