📽ДЕТСКАТА ПЕСНИЧКА ШТО ГИ ПОЛУДУВА РОДИТЕЛИТЕ, УРИВА РЕКОРДИ Има 13 милијарди прегледи и вртоглава заработка
Со 7,04 милијарди прегледи во 2020 година, Baby Shark официјално стана најгледаното видео на сите времиња на YouTube и успеа да го симне од тронот хитот Деспасито на Луис Фонси, а неодамна ја надмина и магичната граница од неверојатни 13 милијарди прегледи.
Популарната детска песничка Baby Shark уште од 2016 година ги полудува родителите ширум светот благодарение на виралното видео создадено од јужнокорејската едукативна компанија Pinkfong.
Со 7,04 милијарди прегледи во 2020 година, Baby Shark официјално стана најгледаното видео на сите времиња на YouTube и успеа да го симне од тронот хитот Деспасито на Луис Фонси.
За жал на сите родители, песната сѐ уште е хит. Неодамна ја надмина и магичната граница од неверојатни 13 милијарди прегледи, а дури и Илон Маск се пошегува дека Baby Shark има „повеќе прегледи отколку што има луѓето на планетата“.
Милијардите прегледи во текот на годините донесоа заработка од 22 милиони долари, а креаторите на видео заработуваат околу 283.000 долари месечно само од прегледите на YouTube, според BonusInsider.
Извршниот директор и ко-основач на Пинкфонг, Ким Мин-сеок, за Форбс откри како компанијата смислила план да создаде забавна содржина наменета за членовите на семејството од сите возрасти.