КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА ЅВЕЗДИТЕ ОД „ОДИСЕЈА“? Стотици илјади долари по сцена, по неколку милиони за цел ангажман

За неколку дена на киноблагајните филмот „Одисеја“ веќе собра над 282 милиони долари (над 247 милиони евра). Неговиот буџет за продукција бил 250 милиони долари (219 милиони евра). За шест сцени во филмот „Одисеја“, Зендеја наводно добила пет милиони долари

0

Американските медиуми ги објавија хонорарите што големите ѕвезди од „Одисеја“ (The Odyssey), наводно, ги добиле за филмот, наведувајќи колку заработиле по сцена. Како што се очекуваше, Мет Дејмон, кој ја има главната улога, добил најмногу пари.

Најновото кинематографско дело на британскиот режисер Кристофер Нолан се прикажува во киносалите ширум светот од минатата недела (17 јули), носејќи ја на големото платно легендарната приказна за Одисеј – грчкиот крал на Итака и неговото патување дома по Тројанската војна. Може да се каже дека филмот е хит, бидејќи само за неколку дена на киноблагајните веќе собра над 282 милиони долари (над 247 милиони евра). Неговиот буџет за продукција бил 250 милиони долари (219 милиони евра).






Актерската екипа е исполнета со познати имиња, главните улоги ги презедоа Мет Дејмон и Том Холанд, а пак, ѕвездената екипа си има висока цена. „Тајмс ентертејнмент“ ги објави сумите на заработка.

Мет Дејмон (55) го глуми Одисеј – главниот, „насловен“ лик во филмот. Глуми во 46 сцени и, според наводите, заработил најмногу пари – 15 милиони долари, што во просек изнесува повеќе од 326.000 долари по сцена.

Том Холанд (30), претходно можеби најпознат по улогата на Спајдермен, го игра синот на Одисеј – Телемах, во вкупно 24 сцени. Тој наводно заработил 10 милиони долари за својата улога во блокбастерот, или околу 416.666 долари по сцена.

Зендеја, ѕвездата од „Еуфорија“ и сопруга на Холанд, ја толкува божицата Атена, чија глава е отсечена пред Одисеј. Нејзиниот дух продолжува да го прогонува во текот на целата приказна, Но се појавува само во шест сцени. И покрај тоа, Зендаја наводно заработила безмалку пет милиони долари, или околу 833.333 долари по сцена.

Ен Хатавеј, наводно, заработила меѓу четири и пет милиони долари за нејзината улога како Пенелопа – верната сопруга на Одисеј. За 16 сцени, тоа изнесува приближно 312.500 долари по појавување на екранот.

Роберт Патинсон (40) ја презеде улогата на Антиној – „главниот“ додворувач на кралицата Пенелопа, кој истовремено крои заговор да го убие нејзиниот син и наследник на престолот на Кралството Итака, Телемах. Тој глуми во вкупно 14 сцени и наводно заработил околу шест милиони долари – тоа се 428.571 долар по сцена.

Елиот Пејџ го толкува Синон – воин и братучед на Одисеј, кој се бори заедно со него во Тројанската војна. Според наводите, добил хонорар од 1,5 милиони долари за неговата улога во вкупно шест сцени.

Поврзани содржини