СТРАНСКИ ТУРИСТ ПОВРЕДЕН ВО НЕВРЕМЕТО Во старата Градска болница на преглед се јавиле 22 лица со повреди

0

По вчерашното невреме кое го зафати Скопје и околината, вкупно 22 лица се јавиле за преглед во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

– Двајца се примени на болничко лекување. Еден е опериран во ноќните часови со скршеница во шаката. Вториот е турист, странски државјанин повреден при пад на дрво, кој е со повреда во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман – изјави директорот Небојша Настов.






Поврзани содржини