ГОРАТ 15 ХЕКТАРИ ТРЕВА КАЈ МАНТОВО Пожарот се гаси и со хеликоптери

47

Гори сува трева, грмушки но и квалитетна шума кон штипското село Пиперово. Центарот за управување со кризи информира дека огнените јазици имаат зафатено од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и нискостебелсти растенија.

Поради непристапниот терен во квалитетната шума активиран е хеликоптер на МВР кој вода полни од вештачкото езеро Мантово.






Пожарот е меѓу езерото Мантово и местото викано 20 километри во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев информира дека пожарот е пријавен околу 14 часот, а во неговото гаснење се вклучени пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното Противпожарно друштво од Општина Конче.

 

– Досега на територија на Општина Штип на отворено имаме интервенирано на околу 68 шумски пожари, стрништа, ниско стеблеста шума. Ова е првпат оваа година да се вклучи хеликоптер во гаснење на пожарите во штипско-карбинскиот регион, бидејќи досега успевавме сами да се справуваме и да ги гаснеме пожарите – вели Коцев.

Портпаролот на ЦУК, Илија Бојаровски информира дека на терен почнало да дува ветер, но како што вели,  хеликоптерот навреме пресече за да не се шират огнените јазици.

 

Поврзани содржини