📽 ТОЈ НЕ Е ОД ТОА ВРЕМЕ! Фотографија од 1917 година ги збуни луѓето
Јутјуберот Џејми Д. Грант ја пронашол оваа необична фотографија во историска книга на Лестер Реј Петерсон.
Поради фотографија стара повеќе од 100 години, некои се запрашаа дали постои патување низ времето. Фотографијата насловена „Последниот пикник“, прикажува група луѓе и деца кои седат на брег во Канада, во 1917 година. Жените носат долги здолништа, а мажите носат јакни и елеци карактеристични за тој период.
Но, вниманието го привлече еден млад човек кој изгледа како да залутал во тој временски период. Маицата што ја носи, шорцевите, фризурата… Изгледа ги збунува оние околу него. Маж лево од него го гледа со очигледно неверување, додека жена од другата страна покажува кон него.
Јутјуберот Џејми Д. Грант ја пронашол оваа фотографија во историска книга на Лестер Реј Петерсон.
„Погледнете малку поблиску. Тој нема шешир, погледнете ја неговата фризура, неговите куси панталони… Човекот што седи од него десно зјапа во него… Доказ дека е возможно патување низ времето?“ – напиша Јутјуберот.
Некои се согласија дека младиот човек навистина изгледа како да залутал во тој период од некое друго време, а други велат дека тоа е само случајност и дека некои други мажи на фотографијата носат кратки панталони.
Јутјуберот Џејми Д.Грант со објавата ја отвори дилемата – дали човекот на фотографијата е патник низ времето или само обичен бунтовник на своето време?