МАСК БЕГА ОД ТЕПАЧКА ВО КАФЕЗ СО ЗАКЕРБЕРГ Марк тренира џиу-џицу, а Илон е посилен на вилици

После два месеца закажување на „битката на титаните“ и меѓусебни провокации, изгледа работата ќе остане на празни муабети.

550

Ќе има или ќе нема тепачка во кафез помеѓу Илон Маск и Марк Закерберг?

Најверојатно ќе нема. Сопственикот на Мета (Фејсбук), Марк Закерберг напиша на социјалните мрежи дека одложувањата и изговорите од страна на Илон Маск ја разводниле целата работа.






– Мислам дека сите можеме да се согласиме дека Илон не е сериозен и дека е време да продолжиме понатаму – напиша Марк на новата социјална мрежа Тредс (Threads).

Илон брзо одговори, нарекувајќи го Закерберг „пиленце“.

– Тој не може да јаде вo ресторани за брза храна кои служат пилешко, бидејќи тоа би било канибализам – напиша Маск на својата социјална мрежа „X“ (Твитер).

Закерберг во саботата уште еднаш го предизвика Маск:

– Прво, Илон никако да го потврди датумот, потоа вели дека мора на операција, а сега бара да вежба во мојот двор. Кога ќе стане сериозен и ќе предложи место и време, знае како да дојде до мене.

Пред помалку од два месеци, Маск беше првиот што објави во јавноста дека е подготвен за натпревар во кафез. Тоа беше непосредно пред Инстаграм, во сопственост на Мета, да го претстави Тредс, како конкурент на Твитер, сега преименуван во „X“. Закерберг инаку тренира џиу-џицу.

Поврзани содржини