📷🎥 МАКЕДОНСКИ АВТОМОБИЛ ИЗГОРЕ НА ЛЕФКАДА Пожарот зафатил уште две српски возила
Пожарот уништил 10 години стар „голф“ од Белград, а изгореле и една година стариот „фиат кумбро“ од Нови Сад и третиот автомобил бил на македонски државјанин. Тие три возила биле паркирани еден покрај друг.
Марко Тодорчевиќ (38) од Белград бил на одмор со својата свршеница во близина на Лефкада во Грција, кога избувнал пожар и до непрепознатливост го уништил неговиот „голф 6“.
Како што изјави белграѓанецот, пожарот му го уништил 10 години стариот „голф“, а изгореле и една година стариот „фиат кумбро“ на новосаѓанец и третиот автомобил бил на македонски државјани. Тие три возила биле паркирани еден покрај друг.
– Дојдовме на одмор на 31 јули и сѐ беше навистина супер, одлично си поминавме, до 9 август кога се разбуди сопственикот на вилата во која престојувавме. Кога излеговме го видовме пожарот и изгледаше драматично – вели Марко Тодорчевиќ за Курир и додава:
– Пожарникарите некако успеаја да го изгаснат пожарот, но нашите автомобили беа целосно изгорени, а тоа беше на приватниот паркинг на вилата. Колите беа паркирани под сенка.
Како што понатаму наведува Тодорчевиќ, по истрагата тој и останатите сопственици на опожарените автомобили отишле да дадат изјава во полициска станица.
– Тоа што се случи е страшно и сите се сомневаме дека пожарот е подметнат. За жал немаме кому да се обратиме, нивната полиција ни кажа дека нема такво нешто и дека се случуваат вакви ужаси. Наведоа и дека пожарот настанал од непрописен приклучок, што е едноставно невозможно по 15 часа стоење под сенка – рече тој и додаде:
– Се плашевме за нашата безбедност. Од агенцијата преку која го резервиравме сместувањето ни рекоа дека немаат врска и дека тоа е приватна сопственост. Само се прашуваме кој ќе ни надомести за изгорените автомобили. Ова е навистина страшно што се случи и се сомневаме дека сето тоа се случи бидејќи ние сме Срби.
Белграѓанецот соговорник додава дека е среќа што ништо не им се случило и што не се повредени.
– Да чукнеме во дрво, сѐ е во ред, но штетата останува на нас. Преку агенцијата успеавме со автобус да се вратиме дома и сега од Белград се обидуваме да го решиме нашиот случај во Грција – вели младиот белграѓанец, за српски Курир, а видеото од пожарот погледнете го ТУКА.