САНДРА БУЛОК ЈА ЗАГУБИ ЉУБОВТА НА СВОЈОТ ЖИВОТ Сестрата на актерката откри како се грижела за својот дечко пред неговата смрт

Гезин Булок Прадо се огласи на Инстаграм по смртта на Брајан Рандал, партнерот на нејзината сестра, актерката Сандра Булок.

458

Гезин Булок Прадо се огласи на Инстаграм по смртта на Брајан Рандал, партнерот на нејзината сестра, актерката Сандра Булок.

Гезин во емотивна објава откри како Сандра се грижела за својот партнер во неговите последни денови.






– Уверена сум дека Брај го најде најдоброто место за риболов на небото и веќе ја фрла својата мамка за лососите во водите. АЛС е сурова болест, но има некоја одредена утеха во сознанието дека тој ја имаше најдобрата грижа благодарение на мојата неверојатна сестра и тимот медицински сестри кои таа ги собра и кои ѝ помогна да се грижи за него во нивниот дом. Почивај во мир Брајан – порачала Гезин.

За потсетување, Рендал почина викендов, по долгогодишна борба со амиотрофичната латерална склероза. Тој и Сандра Булок беа заедно од 2015 година, а неговата битка со болеста не ја споделуваа со јавноста.

Според објавата на семејството, 57-годишниот фотограф „заминал мирно на 5 август“, пишува „Јаху ентертејмент“.

„Брајан многу брзо откако се разболе, одлучи своето патување со АЛС да го задржи во приватност, а ние што се грижевме за него дадовме се од себе да го исполниме неговото барање. Ние сме неверојатно благодарни на неуморните лекари и прекрасните медицински сестри кои станаа наши цимери, честопати жртвувајќи ги своите семејства за да бидат со нашите“, објави семејството на Рандал, барајќи од јавноста да им дозволи да тагуваат во мир.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини