НЕ ГИ ЗНАЕМЕ ИМИЊАТА, АМА ЌЕ БИДАТ БИЗНИСМЕНИ ОД КАЛИБАРОТ НА КАМЧЕВ Најавено е ново проширување на црната листа на САД

Очекуваме во наредниот период уште неколкумина да бидат на таа листа. Не ги знаеме. Веројатно сличен калибар како вториот што е ставен на листа. Да, бизнисмен, според некои најави, иако не ги знаеме, порача претседателот Стево Пендаровски.

16,392

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва истакна дека во наредниот период се очекува уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД.

– Очекуваме во наредниот период уште неколкумина да бидат на таа листа. Не ги знаеме. Веројатно сличен калибар како вториот што е ставен на листа. Да, бизнисмен, според некои најави, иако не ги знаеме. Не ги кажуваат однапред имињата кои ќе бидат, меѓутоа профилот отприлика ни е даден со опис за тие двајца-тројца. Да не шпекулирам, тоа е нивна суверена одлука кога ќе ја објават. Велат наскоро. А што е тоа наскоро, не знам – рече Пендаровски на гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.






САД неодамна на црната листа ги стави градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и бизнисменот Јордан Камчев.

Поврзани содржини