СООБРАЌАЈКА КАЈ ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА Тешко повредени малолетничка и 45-годишна жена

Патничко возило „сузуки“ со српски регистарски ознаки излетало од патот во непосредна близина на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница.

2,302

Автомобил со српски регистарски ознаки излетал од патот во непосредна близина на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница. Во несреќата потешко се повредени една малолетничка и 45-годишна жена и тие се итно пренесени во болницата во Гевгелија.

Несреќата била пријавена во Полициската станица во Гевгелија синоќа пред полноќ.






„На автопатот А1 во близина кај Граничен премин Богородица, патничко возило „сузуки“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Д.(58) од Република Грција, со живеалиште во Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(45) и една малолетна сопатничка, додека со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, сите од Србија, констатирани во болницата во Гевгелија. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија“, стои во известувањето од МВР.

Поврзани содржини