(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА ВО ВОЈВОДИНА! Град и ветар го опустоши Врбас
Невремето што ја зафати утрово Војводина предизвика вистински пустош, оштетени се возила, искршени ролетни и изрешетени фасади на куќи.
Во екот на најголемите летни горештини, утрово Војводина беше погодена од страшно невреме пропратено со град. Обилни врнежи, град со големина на орев, грмежи и бурни ветрови го зафатиле северниот дел на Бачка и Банат, а според најавите невремето од севрениот дел попладнево се приближува кон Белград.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) издаде итно предупредување за врнежи со грмежи во наредните часови на територијата на северот од Бачка и Банат.
View this post on Instagram
Исто така, силно невреме го зафати Врбас, како што претходно беше најавено, невремето се движи кон Белград.
На профилот на Инстаграм се објавени морничави сцени од невреме во Врбас, Крушчиќ, Деспотово, Змајево, Српски Милетиќ, Кула и околината. Невремето предизвикало вистински пустош, оштетени се возила, искршени ролетни и изрешетени фасади на куќи.
View this post on Instagram
Најстрашни се снимките од Врбас и околните места, кои наликувале на сцени од апокалипсата.
View this post on Instagram
По невремето што го зафати северниот дел на Србија, утре во цела Србија ќе биде малку посвежо, но со температури од 30 до 33°С, а во Белград до 31 степен, велат метереолошките прогнози.