ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ПОДДРЖИ ТРИ ЕКОНОМСКИ ЗАКОНИ Пратениците сметат дека се штетни за економијата и граѓаните

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека со донесувањето на законите за ДДВ и за добивка ќе се зголеми ДДВ за некои прехранбени производи, за пелетите, а ќе се укинат и спортските ваучери. Посебен пробелм, според него, се создава со законот за солидарнот кој ќе ги казни успешните компаии.

854

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги поддржи законот за данокот на солидарност и предложените измени на законите за ДДВ и за добивка, кои владата ги испрати во собранието со европско знаменце.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека  е потребна јавна расправа за овие закони која ќе покаже дека тие се штететни за македонската економија и животниот стандард на граѓаните.






-Владата нема слух за апелите на ВМРО – ДПМНЕ дека ДДВ на храната треба да се намали на 0%, а ДДВ на струјата да биде 5% се додека инфлацијата не се врати во нормала. Напротив, очекувајте зголемено ДДВ од 10% за одредени прехранбени производи. Со месеци ја бараме листата на производи кои ќе ги поскапат, но  е недостапна за јавноста. Дополнителна честитка за граѓаните со законот за ДДВ е поскапувањето на пелетите кои ќе се даночат со стапка од 18% наместо моменталните 5%. –рече Стојановски.

– Со данокот на добивка се уништува спортот со укинувањето на спортските ваучери. Дополнително, покрај постојните казнени одредби од законот за данок на добивка, УЈП ќе има можност и за дополнителни пенали за фирмите кои ќе бидат петкратно поголеми од износот на инвестициите за кои инспекторот ќе смета дека се непотребни – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека третиот закон кој власта сака да го донесе е данокот на солидарност со кој како што вели „успешните ќе бидат казнети“.

-. Законот не ги зема предвид ефектите од инвестициите, истражувањето и развојот на компаниите во минатото кои вродиле со зголемени добивки, а пораката што власта ја праќа до стопанството гласи „успешните ќе бидат казнети“ – вели тој. .

Според него, трите закони не се реформа, туку зголемен даночен товар за граѓаните и стопанството.

– Во трите закони нема ништо европско за повторно да го злоупотребат европското знаменце. Сакаат на брзина да протнат закони од личен интерес, како и многупати досега. Оваа гарнитура на власт единствено нешто за што е способна е зголемувањето на даноци и репресија – рече Стојаноски.

Поврзани содржини