Градежна машина, најверојатно багер усмрти жена пешак на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје.
Неофицијално, жената е почината на лице место.
Од МВР потврдија дека имаат пријава во 11 часот според која градежна машина удрила во пешак.
ОБНОВЕНО
Багер усмрти жена на улицата Јордан Мијалков во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи.
„Во 11 часот денеска било пријавено дека работно возило, градежна машина – багер, управувано од И.А., на возраст од 42 години, од селото Грчец, скопско, удрило во 66-годишната Л.Ј. од Скопје, која починала на местото на несреќата“, информира МВР за МИА.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
фото: Инфомакс