(ВИДЕО) ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА КАКО ОД ФИЛМ НА АЕРОДРОМОТ ВО КИШЊЕВ Патник одзел оружје, убил двајца и се забарикадирал со заложници

Молдавската полиција ги евакуирала сите патници од аеродромот, а аеродромските власти ги запреле сите летови. На крајот во акција стапиле специјалните антитерористички сили и успеале да го приведат напаѓачот.

1,020

Вистинска драма се случувала денеска на меѓународниот аеродром во Кишњев, Молдавија, откако непознато лице, кое допатувало со авион од Турција, одзело оружје од еден од аеродромските обезбедувачи и отворило оган, јавија локалните медиуми. Во престрелката бил ранет службеникот на обезбедувањето, а убиени се уште најмалку две лица. Патникот потоа зел заложници и се забарикадирал во една просторија на аеродромот, јавуваат локалните медиуми.

Потоа, молдавската полиција ги евакуирала сите патници од аеродромот, а аеродромските власти ги запреле сите летови. На крајот во акција стапиле специјалните антитерористички сили и успеале да го приведат напаѓачот.






До инцидентот дошло затоа што на патникот од Турција му бил одбиен влез во земјата.

 

 

Поврзани содржини