НОВА ВОЕНА СИЛА СЕ ПОЈАВИ ВО ЕВРОПА, НАТО СЕ ЗАГРИЖИ Не, не се работи за Полска, туку…

Лукашенко им рекол на платениците дека можат да се населат во областа на напуштена воена база. Оградата е таму, имате сѐ, поставете ги шаторите, пишува Телеграф.

8,401

Откако доби нуклеарно оружје и ја доби војската на платениците „Вагнер“, Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија, престана да биде третокласен диктатор кој не прави ништо без дозвола од Владимир Путин, пишува Кон Кафлин за британски Телеграф.

Нова воена сила може да го измести тежиштето на европскиот континент, а тоа е Белорусија. Според Телеграф, Лукашенко ужива во славата што ја стекнал откако се пофали дека наводно ја спасил Русија од граѓанска војна, односно го убедил Пригожин, кој бил пред нервен слом, да го сопре својот бунт кон Путин на само стотина километри од Москва.






А сето ова, според статијата, треба да го загрижи НАТО чиишто источни граници можат да се променат.

„Пцуевме половина час“, ќе рече Лукашенко за разговорот со Пригожин после кој првиот човек на „Вагнер“ прифатил да оди во егзил во Белорусија.

Поставете ги шаторите, тука имате сѐ

И додека Кремљ го преживеа овој напад врз себе, останува да се види како маневрите на Лукашенко ќе влијаат на безбедносната ситуација во Полска, Литванија и Латвија – членките на НАТО што граничат со Белорусија.

Во моментов не се знае колку вагнерци побегнале во Белорусија заедно со Пригожин. Претходно, Пригожин рече дека неговиот бунт против рускиот воен естаблишмент предводен од министерот за одбрана Сергеј Шојгу бил поддржан од 25 илјади платеници.

Плусинфо веќе пишуваше за сателитските снимки на „Планет Лабс“ за кои Њујорк Тајмс напиша дека сугерираат дека за „Вагнер“ се спрема цела нова база во Белорусија, па дури и дека е можен напад на Украина од Белорусија поради блискоста на Киев до границата.

 

„Лукашенко им рекол на платениците дека можат да се населат во областа на напуштена воена база. Оградата е таму, имате сѐ, поставете ги шаторите“, пишува Телеграф.

Да господине, уште регрутираме нови луѓе

Ова е во спротивност со тврдењата на руското Министерство за одбрана дека „Вагнер“ нема повеќе да учествува во војната со Украина. Но, новинари на Би-Би-Си кои вчера од руски број се јавиле во „Вагнер“ да прашаат дали органзацијата регрутира нови членови добиле потврден одговор.

Не е ни јасно што ќе биде со обвиненијата. И покрај тоа што руската служба ФСБ тврдеше дека обвиненијата за „Вагнеровците“ ќе бидат симнати, украинските служби вчера јавија дека ФСБ добила наредба за ликвидација на Пригожин.

Што ќе биде со фирмите на Пригожин во Европа, но и во Африка од кои се пумпаат милиони за финансирање на „Вагнер“? Тие ја чинеа руската држава милијарда евра, откри Путин во неодамнешен говор.

Сега, на повидок е новата сила на Белорусија. А сепак, Александар Лукашенко во повеќе изјави повтори дека земјата нема да се приклучи во војната. Но и покрај тоа, НАТО се плаши од тоа Белорусија наеднаш да стане помоќна нација од Литванија, Латвија и Естонија заедно.

Да потсетиме, Русија го испрати тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија токму пред претстојниот самит во Вилнус.

Многу работи треба да тргнат наопаку пред оружјето да биде употребено

„Њузвик“ објави дека Лукашенко им рекол на високите белоруски функционери да осмислат „алгоритам“, своевиден систем на одлучување што ќе му овозможи на Минск да управува со руското нуклеарно оружје лоцирано во Белорусија.

– (Алгоритмот) треба да се заснова на фактот дека треба да можеме да го користиме во тешки времиња, во случај некој да нѐ нападне – рече претседателот на Белорусија.

Руски и белоруски официјални лица изјавија дека Русија ќе ја задржи контролата врз оружјето. Ема Клер Фоли од меѓународната невладина организација „Глобал зеро“ рече дека е можно Лукашенко да го кажал ова за да остави впечаток на личност која може да влијае на руската и на регионалната политика.

Според неа, многу работи би требало да тргнат наопаку, пред сѐ во Москва и на други места, за потоа Лукашенко да го употреби оружјето.

А дали можеби Лукашенко ќе го искористи присуството на оружјето за да ѝ се спротивстави токмму на Москва која има идеја да ја присоедини Белорусија, како што претходно Плусинфо пишуваше?

(ВИДЕО) ДАЛИ Е ОВА НОВИОТ ДОМ НА „ВАГНЕР“? Њујорк Тајмс објави сателитски снимки од база во Белорусија

Поврзани содржини