ЕДИНСТВЕНИ МРЕЖИ КОИ ЌЕ ПРЕЖИВЕАТ СЕ… Илон Маск знае како ќе се бори со вештачката интелигенција

Единствените социјални мрежи кои ќе преживеат ќе бидат оние кои ќе бараат верификација. Платниот систем е средство за верификација што ги зголемува трошоците за бот за околу 10.000 пати, напиша Маск за новата промена во Твитер.

559

Најбогатиот човек во светот и газда на Твитер има план како да се бори со ботовите кои нагрнуваат по социјалните мрежи и праќаат пораки и спамови, а кои некогаш знаеме да ги згрешиме за луѓе. Одговорот е едноставен и многу сличен на она плаќање за сина штикла со кое Твитер верификува дека вашиот профил е автентичен.

Овојпат ќе биде ограничено колку директни пораки ќе можете да испратите до корисници, а кои не го заследиле вашиот профил.

 






Инаку речено, ако сте бот-машина со лажен профил, реклама или спам, нема да можете да пратите порака до некој корисник ако тој претходно не ве заследил.

Овие промени треба да бидат видливи уште неделава.

„Единствените социјални мрежи кои ќе преживеат ќе бидат оние кои ќе бараат верификација. Платниот систем е средство за верификација што ги зголемува трошоците за бот за околу 10.000 пати.

Борбата со вештачката интелигенција во светот допрва почнува. Европската унија пишува пробна верзијза на закони за вештачката интелигенција кои ќе треба да бидат пандан за тоа како ова ќе биде регулирано во западниот свет.

Прашањето за содржините на интернет генерирани од вештачката интелигенција е едно од многуте во морето од непознаници за кои дебатираат експертите.

Во 2018 година Илон Маск на настан во Кина заедно со милијардерот Џек Ма рече дека единствениот начин да ја победиме вештачката интелигенција е самите ние да станеме киборзи, односно да вклопиме дел од таа машинерија во нашите тела.

– Ако не можете да ги победите, придружете им се – гласеше тогаш неговата изјава.

Спојувањето на луѓето со машините преку бионика или други методи во филозофијата е познато како трансхуманизам – преодна фаза во која ќе ги вклопуваме можностите кои технологијата ги нуди во нас.

Но, исто така, постои и концептот на постхуманизам, каде технологијата толку ќе напредне што луѓето и нивното размножување на планетата на машините, кои тогаш би владееле, нема да биде воопшто потребно.

Поврзани содржини