(ВИДЕО) ЛУДА ЦЕНА ЗА РЕКЕТОТ НА НОВАК ЃОКОВИЌ ОД РОЛАН ГАРОС Навивачот доби сувенир што вреди колку една гарсониера!
Според експертите за аукцијата, рекетот што најдобриот светски тенисер му го подари на навивачот, моментално вреди 50.000 долари!
По триумфот на Ролан Гарос што му ја донесе рекордната 23. Грен слем титула во кариерата, Новак Ѓоковиќ својот рекет му го подари на еден од навивачите.
Иако е тешко да се поверува дека овој навивач ќе се реши да го продаде вредниот сувенир, сепак се покрена прашањето – колку вреди рекетот со кој Ѓоковиќ стана најдобар тенисер во историјата. Стигна и одговоро со „луда цена“.
Рекетот што Новак Ѓоковиќ му го подари на навивачот по освојувањето на Ролан Гарос, според експертите за аукцијата на колекционерски предмети, моментално вреди 50.000 долари!
$50,000 if he sells it in next week. https://t.co/iU7OUQfQkB
— Darren Rovell (@darrenrovell) June 11, 2023
УС Опен јавно го праша Дарен Ровел, стручњак за аукција, колку може да добие навивачот за тој рекет, а тој одговори:
– Ако продаде во следните неколку недели, може да добие 50.000 долари – јасен беше Ровен.
Инаку, овој навивач е присутен речиси на сите големи турнири на кои игра Ѓоковиќ и го следи од првите редови, па не е ни чудо што српскиот тенисер му го подари вредниот рекет по мечот.
Novak Djokovic gave his racquet to one lucky fan! 😍#RolandGarros pic.twitter.com/B51Exm4KFI
— Eurosport (@eurosport) June 11, 2023
За потсетување, Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос беше подобар од Каспер Руд во три сета, го освои својот 23. Грен слем, а воедно се врати на првото место на АТП листата.