ЗАГИНА РАБОТНИК ВО МАКСТИЛ Почната е истрага за причините за несреќата

414

Вработен во Макстил загина денеска при несреќа во производствениот погон на фабриката, соопшти компанијата.

Веднаш биле алармирани сите надлежни служби кои направиле записник од настанот и започната е истрага за причините за несреќата.






„Би сакале да ја информираме јавноста дека денеска во утринските часови се случи несреќе во која животот го загуби наш вработен. Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега“, соопшти Макстил.

Макстил ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа.

 

 

Поврзани содржини