НОВА ЕРА ВО БОРБАТА ПРОТИВ АЛЦХАЈМЕРОВАТА БОЛЕСТ Антитела за „чистење на ѓубрето во мозокот“ спакувани во лекови
Веројатно сме навлезени во нова ера на евентуално запирање на прогресијата на Алцхајмеровата болест, за која досега немаше лек, вели шведскиот професор по геријатрија со хрватско потекло, д-р Ненад Богдановиќ, кој учествуваше во развојот на револуционарен лек за Алцхајмер. Во октомври д-р Богдановиќ ќе одржи предавање на конференција во Охрид.
Професор Ненад Богдановиќ, извонреден научник, доктор и пред сè, човек. Со душа го чекаме неговото предавање на II Тематска конференција за деменции и невродегенерација, годинава од 26-29 октомври во Охрид, вели д-р Габриела Новотни, невролог и претседател на Институтот за Алцхајмерова болест, најавувајќи го својот колега од Шведска. Она што е најинтересно кога станува збор за д-р Богдановиќ е тоа што овој професор по геријатрија со хрватско потекло на Институтот Каролинска и Универзитетската болница Каролинска во Стокхолм, учествуваше во развојот на револуционерен лек за Алцхајмер.
Откако на почетокот на оваа година во САД беше одобрен лек за Алцхајмерова болест леканемаб, шведскиот неврогеријатар Ненад Богдановиќ изрази уверување дека наскоро тој ќе биде одобрен и во Европа како прв лек против оваа тешка деменција. Европската агенција за лекови (ЕМА) веќе добила барање за евалуација на овој лек.
„Очекувам одобрување во декември бидејќи има голем здравствен и политички притисок за одобрување на лекот во Европа“, вели во интервју за Хина д-р Богдановиќ.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.