ЈА СОЗДАДОА, А СЕГА ИМ ФУФКА ОД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Милијардерите во случај на хаварија ќе фаќаат џаде по бункери, на Марс…
Тие се плашат дека вештачката интелигенција ќе биде исто толку злобна кон нив како и кон нас, изјави за Гардијан Даг Рушков, еден од најпознатите американски експерти за дигиталната ера и сајберпанкот.
Големите технолошки милијардери кои го финансираа создавањето на вештачката интелигенција за секој случај планираат и да ѝ избегаат ако таа се сврти против нив. Ова можеби изгледа чудно, но е ставот на Даг Рушков, познат теоретичар на дигиталната ера и професор на Градскиот универзитет во Њујорк.
Рушков верува дека технолошките тешкаши планираат да градат бункери на познатите острови или на повисоки места, мисии на Марс, па дури и создаваат Метаверзум ако се случи ваквиот колапс. Тоа тој го нарекува „евентот“, настанот кога ќе има некаква голема хаварија, која може да ги опфати и климатските промени, на пример.
– Сега се измачуваат себеси, што е забавно да се гледа. Тие се плашат дека нивните мали ВИ ќе дојдат по нив. Тие се апокалиптични и толку егзистенцијални, затоа што немаат врска со реалниот живот и со тоа како функционираат работите. Тие се плашат дека вештачката интелигенција ќе биде исто толку злобна кон нив како и кон нас – изјави експертот во интервју за Гардијан.
Рушков ги опишал овие работи во својата најнова книга, „Опстанок на најбогатите: Бегство од фантазиите на технолошките милијардери“, која беше објавена лани.
„За нив, иднината на технологијата е само една работа: бегство од нас останатите“, напиша тој на воведните страници на книгата.
„Тие го сведоа технолошкиот напредок на видеоигра во која еден од нив победува со наоѓање отвор за бегство“.
Проблемот со ваквото однесување, посочува Рушкоф, е што не функционира и нема да функционира.
– Тие нема да си одат од планетата, нема да живеат вечно. Тие само ги живеат своите фантазии. Тие се еугеничари. Има причина зошто тие се сложија со Џефри Епштајн и Ричард Докинс – луѓето кои велат дека гените се единствените работи кои се важни, живееме во целосно материјален универзум, дека нема душа, дека луѓето можат автоматски да се подесуваат и дека сè што има помеѓу нив и нулите е само бучава – изјави тој.
– Тоа е чиста форма на истиот вид на социопатски капитализам што го видовме од британската источноиндиска компанија или (филозофот) Хобс како зборуваат за Индијанците. Но, сега тие (милијардерите од Силиконската долина) имаат технологија која ги засилува социопатските тенденции – продолжува тој.
Интересно е дека Рушкоф вели дека генерацијата „Милениумци“ е попатолошки поврзана со технологијата отколку поновата генерација „З“.
Сепак, според него, решението за сето ова не е во владите и политиката, туку во личната одговорност.
Единствениот начин да се побуниш е да бидеш човек и свесен, рече Рушкоф.