БОСАНЦИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ ЈАДАТ НАЈМНОГУ КОМПИРИ ВО РЕГИОНОТ Во Европа, најголеми „компирождерачи“ се Белорусите со 170 кг по човек
Според веб-страницата Vivid Maps, Белорусија е на прво место по потрошувачката на компири со 170 килограми по жител годишно, а во регионот водат БИХ, а веднаш зад нив е Македонија со потрошувачка од 61 кг по жител годишно
Веб-страницата Vivid Maps сподели интересни податоци за потрошувачката на компири во Европа на годишно ниво.
Оваа мапа е креирана според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) од 2020 година и ја прикажува просечната потрошувачка на компир во килограми по жител на секоја европска земја.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.