(ФОТО+ВИДЕО) САМО ИЗБЕРЕТЕ СИДЕ, СЀ ДРУГО Е СМИСЛЕНО Песочна плажа и тиркизно море за одмор од соништата
Хотелите во Сиде имаат своја топлина, а најголем дел се во сопственост на семејства и станува збор за фамилијарни бизниси, па поради тоа се одлучивме да ви претставиме два од нив за кои сметаме дека ќе го привлечат и вашето внимание, како што нѐ освоија и нас.
Екипата на Плусинфо која беше дел од инфо-турата организирана од туристичката агенција „Фибула“ ги посети хотелите во Сиде, при што сѐ уверивме зошто токму тие се најпосакувани меѓу македонските туристи. Причина за тоа се пристапните цени, прекрасните песочни плажи и нормално, гостопримливоста на Турците кои ги отвораат портите од нивниот дом.
Нашите водичи Фатмир и Виктор при посетата нѐ информираа дека хотелите во Сиде се најпродавани во агенцијата „Фибула“, бидејќи нудат сѐ што му е потребно на едно македонско семејство со просечни примања. Тука тие се поевтини во споредба со Белек, Кемер и Анталија, а врз цената влијае тоа што некои од нив се оддалечени 500-600 метри од морето. Но, тоа не претставува никаков проблем, бидејќи има чести автобуси кои вршат превоз од хотелот до плажа.
Хотелите во Сиде имаат своја топлина. Најголем дел се во сопственост на семејства и станува збор за фамилијарни бизниси, па поради тоа се одлучивме да ви претставиме два од нив за кои сметаме дека ќе го привлечат и вашето внимание, како што нѐ освоија и нас.
Станува збор за хотелите „Terrace Beach Resort“ и „Terrace Elite Resort“ во кои менаџерските тимови се потрудија да се почувствуваме дека доаѓаме кај нив дома на гости, па оттука и грижата за услугата и понудата да бидат во најдобар ред.
„Terrace Elite Resort“ беше хотелот во кој преноќивме, а специјално за нас беше организирана посебна вечера на која покрај менаџерката Унѕиле беше и менаџерката Хатиџе која е одговорна за хотелот „Terrace Beach Resort“. Во разговор со нас тие ни открија дека се подготвени за новата сезона, и покрај тоа што двата хотела беа речиси веќе полни со гости, и дека се надеваат голем број туристи од нашата земја ќе ги посетат токму овие два хотела, како што тоа било во минатите сезони.
Инаку, хотелот „Terrace Elite Resort“ се наоѓа во регионот Манавгат во близина на градот Сиде. Хотелот се наоѓа на 500 метри од морето, но има своја приватна песочна плажа каде што бесплатно може да се користат лежалки и чадори, а исто така може да се земаат пијалаци и ужинки во барот.
Доколку се одлучите да не одите на плажа, можете да се забавувате и да се опуштите покрај отворени и затворени базени и неколкуте барови. Хотелот „Terrace Elite Resort“ им служи на своите гости со сеопфатен концепт. Хотелот е изграден пред неколку години, а тоа може да се забележи по сместувачките капацитети кои се направени според најновите трендови за хотелите во Турција. Сите соби имаат отворена бања со мијалник, а посебно се одвоени туш кабината и вецето, па така сите членови на семејството да можат побрзо да се подготват за активностите кои им следат. Исто така, собите се опремени со централен клима-уред кој работи според временските услови, телефон, сеф (бесплатно), мини-бар (вода и безалкохолни пијалаци се дополнуваат секој ден), ЛЦД ТВ со сателитска и музички систем, WI-FI интернет (бесплатно), под со ламинат и балкон.
Во слободното време, гостите може да уживаат во просторијата за игри. Бидете сигурни дека има активности за секого. Има турска бања која ќе ви даде свежина и наплив на сила. За да купите прехранбени производи, можете да погледнете во мини маркетот кој се наоѓа во хотелот.
Можете да јадете во A’ la Carte ресторан, ресторан на отворено и во внатрешен ресторан. Гостите добиваат шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, полноќно бифе, ран појадок, детско катче, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во бар покрај базен во одредено време, бар на плажа од 10.00-18.00 часот, детско бифе во главниот ресторан, бебешко катче.
Неколку девојки кои беа дел од нашата инфо-група токму за овој хотел снимија видео-клип со кој ги воодушевија сопственикот на ланецот хотели, менаџерските тимови, но и сите што го погледнаа. Погледнете го и вие:
View this post on Instagram
Во „Terrace Beach“ бевме дочекани од љубезната менаџерка Хатиџе и од нејзиниот тим, кој со насмевки на лицата ни посака топло добредојде.
Хотелот се наоѓа на 5 километри од центарот на Сиде, 65 километри од аеродромот во Анталија. Изграден е во 1990 година, последен пат е реновиран во 2016-2017 година. Веднаш до хотелот се наоѓа приватна песочна плажа. Должината на плажата е 100 метри, а лежалките, чадорите, душеците, крпите за плажа се бесплатни. Гостите може да користат туш, кабини за пресоблекување, како и бар на плажа.
„Terrace Beach Resort“ располага со 270 соби со поглед на море, базен и градина. Собите се опремени со: централна клима, сателитска ТВ, музички канал, минибар (безалкохолни пијалаци, вода – дневно полнење), телефон со директна линија, интернет (бесплатно), туш, фен, сеф (платен), балкон, дополнително легло (вклучено барање).
На територијата на хотелот има отворен базен, 3 тобогани (во одредено време) внатрешен базен, 125 м2. Главниот ресторан е внатрешен дел за 350 лица, отворена тераса за 200 луѓе. Има ресторан за закуски дизајниран за 300 луѓе. 2 A’la Carte ресторани: морска храна, медитерански, 5 барови, тениско игралиште (тврда површина), 2 конференциски сали и амфитеатар за 500 луѓе, мека анимација, музика во живо (1 пат неделно) турска бања, сауна, парна бања фитнес-центар за игра соба за диско тенис (попладне) пикадо, одбојка на плажа, аеробик, јога и многу други активности за кои тимот за анимација ќе се погрижи никогаш да не ви биде здодевно.
Плажите во Сиде се посебна приказна и ни оставија најдобар впечаток. Долги, широки, пространи, исполнети со ситен песок и безброј лежалки, гарантираат удобно уживање на плажа и пријатен одмор.
Доколку престојувате во некои од хотелите во Сиде, ви препорачуваме да го посетите стариот град кој е спој на древното и модерното време. Тука се наоѓаат и ископини од античкиот град, а во непосредна близина до морето е храмот на богот Аполон со кого се поврзани интересни приказни. Градот наликува на охридската чаршија, старите куќи се обновени и се претворени во продавници. Ние го посетивме навечер и наликуваше како град од бајка.
И за крај, светските патници велат дека одмор со пет ѕвездички, каков што има Турција, нема никаде во светот, особено во анталиската ривиера. Луксузот тука навистина е луксуз, за што се уверивме и ние. За гостопримливоста на народот во целиот регион Анталија се зборува насекаде, туристите од секаде ја прераскажуваат кога ќе се вратат во своите земји. Ние се потрудивме да ви пренесеме дел од нашето доживување, а на вас останува сами да ги откриете убавините и совршениот одмор, се разбира, заедно со туристичката агенција „Фибула“.