МЕТА НА ЗАКЕРБЕРГ ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА ОД 1,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Не ги почитувала правилата на ЕУ за заштита на лични податоци

Мета ја прекршила Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) кога префрлила во САД низи лични податоци на европските корисници на Фејсбук, без доволно да ги заштити.

125

Американскиот технолошки гигант Мета доби рекордна казна од 1,2 милијарди евра поради непочитување на правилата за заштита на личните податоци на ЕУ, објави Политико.

Ирската Комисија за заштита на податоците денеска објави дека компанијата Мета ја прекршила Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) кога префрлила во САД низи лични податоци на европските корисници на Фејсбук, без доволно да ги заштити од практиките за следење на податоците на Вашингтон.






Тоа е најголемата казна изречена според законот на Унијата за заштита на личните податоци (General Data Protection Regulation) и доаѓа во пресрет на 25 мај, кога се навршуваат пет години од воведувањето на законот.

Амазон претходно беше казнет со 746 милиони евра од Луксембург, а ирскиот регулатор исто така,изрече четири казни против платформите на Мета Фејсбук, Инстаграм и Ватсап кои се движат помеѓу 405 и 225 милиони евра во последните две години.

Европскиот суд на правдата во 2020 година го укина договорот ЕУ-САД за проток на податоци познат како штит за приватност поради стравувањата од практиките за следење на американските разузнавачки служби. Во истата пресуда, највисокиот суд на ЕУ, исто така, ги заостри условите за користење на SCC, уште една правна алатка што широко ја користат компаниите за пренос на лични податоци во САД.

Поврзани содржини