БОРЕНКА ЌЕ ПОШУМУВА ОПОЖАРЕНИ ПОДРАЧЈА Да се подигне свеста на граѓаните и најмладите за важноста на шумите
Носител на оваа иницијатива е Сојузот на извидници на Македонија. Акцијата се спроведува во партнерство со ЈП Национални шуми преку обезбедување подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење.
Боренка е иницијатива за пошумување на опожарени подрачја чиј носител е Сојузот на извидници на Македонија. Акцијата се спроведува во партнерство со ЈП Национални шуми преку обезбедување подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење.
Според г-дин Валентин Груевски, директор на ЈП Национални шуми, партнерството со Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) е од огромна важност за промовирање на култура на повисока еколошка свест кај младите како таргет група вклучена во програмите на извидниците. Тој исто така испрати и апел до граѓанскиот сектор, училиштата, компаниите да се вклучат во оваа иницијатива и да помогнат за се направи нешто коешто со гордост ќе го оставиме на нашите деца.
Идејата на оваа иницијатива е реплицирана од успешната Боранка, имплементирана од Сојуз на извидници на Хрватска уште од 2018 година. Боренка започнува како пилот проект поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Активностите во следните 18 месеци ќе се спроведуваат благодарение на поддршката од Министерството за надворешни работи на Република Хрватска.
Хрватските извидници потенцираа дека при активностите најголема улога имаат волонтерите, кои според господин Еди Периќ, претседател на Сплитскиот извиднички Сојуз, се сѐ повеќе мотивирани да се вклучат во вакви акции. Приказната се доближува до јавноста и најмладите преку симболиката и карактеристичниот визуелен идентитет креиран од агенцијата Имаго.
Господинот Анте Тараш, претставник на Хрватски шуми го истакна фактот дека институцијата ги препознала извидниците како одговорен и доверлив партнер во акции од ваков карактер.
– Оваа иницијатива е одличен пример за соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор, искористувајќи ги најсилните страни на секој од партнерите – рече г-дин Дан Шпицер, главен координатор на Боранка, кој според него токму тоа е најголемиот резултат и успех на кој е најмногу горд.
Заменик Директорот на ЈП Национални Шуми, г-ѓа Маре Басова и Владимир Костовски, генерален секретар на Сојуз на извидници на Македонија се вратија на почетоците на оваа приказна. Истата започнува од млади ентузијасти, извидници кои бараат поддршка за нивната идеја.
Според г-ѓа Басова, Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) излегол со конкретна идеја и план, кои иако се чинеле недостижни, се покажале како одличен модел за соработка.
Г-дин Владимир потенцираше дека специфичноста на извидничките активности е методот на кои истите се имплементираат, правејќи ги реални, достижни, ефективни и со огромно влијание врз младите кои се вклучуваат.
Според организаторите, Боренка е повеќе од само акција за пошумување. Боренка е доказ за волјата на младите, силата на институциите, меѓусекторската соработка, важноста на едукацијата на најмладите и моќта на волонтерите. Боренка – интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари.