ДУША ОД ЧОВЕК! Има ли емпатични и мили луѓе меѓу белите мантили?

Душанка Грујоска Вета е специјалист-ортопед на Универзитетската клиника за ортопедија, вистински дијамант, вистински човек, всушност, токму како и нејзиното име - душа од човек. Сум имала среќа да сретнам и други како неа. На пример, докторката на мајка ми, Габриела Новотни, специјалист-невролог на Клиниката за неврологија… Има и други. Не се многу, ама ги има, а сѐ додека има позитивни примери, има и надеж... Имате ли и вие некои вакви позитивни примери?

600

Односите помеѓу лекарите и пациентите се многу сложени и биле предмет на многу промени низ историјата, а нивните улоги се менувале во зависност од севкупното разбирање на човечката суштина, на социо-културните специфичности на периодот, но и на тековните достигнувања во самата медицина и можностите за лекување на одредени болести.

Првите документи кои ги опишуваат односите меѓу лицата вклучени во лекувањето датираат од антиката, првенствено од описот на Платон за лекарот како експерт кој го прегледува пациентот и донесува конечна пресуда за неговата состојба и адекватно на тоа пропишува лекување кое потоа му го соопштува на пациентот и неговото семејство.






Овој модел, кој од комуникацијата ги исфрла сите емоционални и социокултурни аспекти, бил на сила од антиката до средината на 20 век, кога голем број автори решиле да се зафатат за истражување на односот помеѓу пациентот и лекарот и улогата на комуникацијата во тој однос.
Но додека луѓето во светот се занимавале со ова, кај нас таа комуникација не е многу сменета, а повеќето лекари си личат едни на други – недостаток на емпатија, надмено однесување, однос кој вели: или ќе ме слушаш мене или најди си друг лекар! Но…

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини