(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ХОНГ КОНГ, ЕВАКУИРАНИ 3.400 ЛУЃЕ Полицијата и пожарникарите топ спремни, нема извештаи за жртви

102

Пожарникарите во Хонг Конг во петокот попладне се уште се бореа со пожарот што избувна во магацин. Евакуирани се 3.400 луѓе, соопшти полицијата.

Противпожарните екипи беа на местото на пожарот и ги евакуираа околните згради, вклучително и училиштата, а засега нема информации за жртви.






На две лица кои работеле во близина на локацијата каде избувнал пожарот им се слошило откако вдишале чад, а луѓето од четири училишта и една станбена зграда во близина морале да бидат евакуирани, соопшти полицијата.

Владата отвори привремено засолниште во спортскиот центар за евакуираните и ги советуваше граѓаните да ги затворат вратите и прозорците.

Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време во складиште во станбена и индустриска област во Коулун.

 

 

 

Поврзани содржини