ЗНАМ ДЕКА E TEШКО ДА СЕ ЗАБОРАВИ Хил изрази сочувство на годишнината од бомбардирањето на Југославија

За време на мојата дипломатска кариера научив дека дипломатијата понекогаш знае да потфрли, напиша Хил на Твитер.

1,147

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, по повод годишнината од бомбардирањето на НАТО, рече дека знае оти српскиот народ никогаш нема да ја стави настрана својата тага, но верува дека има доволно сила да ја потисне горчината.

 






„Го посветив својот живот на дипломатијата – изнаоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливи проблеми. За време на мојата дипломатска кариера научив дека дипломатијата понекогаш знае да потфрли. Кога тоа се случува, последиците може да бидат трагични. Сакам да упатам искрено сочувство до семејствата од оние кои загинаа во војните во 1990-тите, вклучително и во бомбардирањето на НАТО“, напиша Хил на Твитер.

Тој посочи дека е непоколеблива посветеноста на Соединетите Американски Држави за партнерството со Србија, како и посветеноста на дипломатијата.

„Заедно можеме да изградиме подобра иднина каква што заслужува и сака народот на Србија за идните генерации“, посочува Хил.

Поврзани содржини