ЗОШТО НЕКОЈ РОДИТЕЛ БИ ПОМИСЛИЛ ДА ГО НАПРАВИ ОВА? Не е забавно да си ги плашите децата само за 5 минути слава! (ВИДЕО)

Замислете го ова: ве внесуваат во соба, ве ставаат пред камера, се гледате себеси, а потоа одеднаш некаде над вас, во истата просторија, се појавува страшно суштество, дух или нешто друго необично. Лебди над вас или застанува до вас. А тие што беа со вас во собата истрчаа, го изгаснаа светлото и ве затворија внатре. Токму ова е она што поради предизвик на ТикТок го прават некои родители…

625

Сите знаеме дека е понекогаш забавно да исплашите некого, па често тоа им го правиме и на најмалите. Згора на тоа, ним им е понекогаш доста забавно, поради тоа чувство на возбуда. Сепак, не се сите деца исти и не се сите методи подеднакво страшни.

Кога ќе му пријдете на детето одзади, ќе го фатите за рамениците и ќе кажете „бу!“, тоа може да го насмее детето. Се разбира, прво ќе се исплаши, но веднаш потоа ќе се насмее. Возбудата што детето ја чувствува во такви моменти е едноставно забавна за многумина, а малите зависници од адреналин, какви што често се децата, всушност би можеле да уживаат во тоа.






Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини